Земјоделците од источна Македонија ќе одгледуваат лешник

Bez autora
Jul 29 2013

Земјоделците од Кочани, Виница и Берово викендов се запознаа со проектот „Лешник во Македонија“ кој е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според анализите за одгледување лешници во Македонија почетната инвестиција по хектар изнесува 2.500 евра. Треба да се засадат околу 50 садници за еден хектар површина, а потребни се и 800 евра за обработка на почвата, сума која се рефундира преку субвенциите на Владата. По петтата година, лешникот со правилното и квалитетно одгледување треба да дава приноси од околу 2 до 2,5 тони по хектар, имајќи ги предвид сончевите денови во источниот дел од Македонија. Бенефицијата која ја нуди проектот е во 185 денари за сертифициран италијански садник од сортата „Трилобата Тонда Џентиле“ со пресметан ДДВ и петгодишна бесплатна едукација. Исто така преку проектот можат да се добијат и совети и набљудување во производството и одгледувањето на лешникот со стручни лица од Македонија и Италија.

Земјоделците од источна Македонија ќе одгледуваат лешникЗемјоделците од Кочани, Виница и Берово викендов се запознаа со проектот „Лешник во Македонија“ кој е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според анализите за одгледување лешници во Македонија почетната инвестиција по хектар изнесува 2.500 евра. Треба да се засадат околу 50 садници за еден хектар површина, а потребни се и 800 евра за обработка на почвата, сума која се рефундира преку субвенциите на Владата.

„По петтата година, лешникот со правилното и квалитетно одгледување треба да дава приноси од околу 2 до 2,5 тони по хектар, имајќи ги предвид сончевите денови во источниот дел од Македонија“, истакна пред заинтересираните Гоце Стојановски, агроном инженер кој ќе работи како стручен консултант на проектот.

„Бенефицијата која ја нуди проектот е во 185 денари за сертифициран италијански садник од сортата „Трилобата Тонда Џентиле“ со пресметан ДДВ и петгодишна бесплатна едукација. Исто така преку проектот можат да се добијат и совети и набљудување во производството и одгледувањето на лешникот со стручни лица од Македонија и Италија“, рече Џанлука Гризери, технички консултант за производство на лешници од Италија.

Проблеми при откупот не треба да има бидејки потребите на кондиторската индусутрија растат секојдневно, истакна Гризери.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik